Press "Enter" to skip to content

Рама: Албанија нема да плаче пред вратата на Европа

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Франс Прес“ изјави дека Албанија мора да се фокусира на сопствената иднина, додека Брисел ги разреши прашањата за проширување на Европската Унија.

„Албанија нема да остане пред вратата на ЕУ и да плаче,” изјави Рама.

Во интервјуто Рама потенцира дека Албанија не е на овој пат поради тоа што Германија или Франција тоа го бараат од нив, туку поради тоа што е единствениот пат за иднина на државата и нивните деца.