Press "Enter" to skip to content

Премиерот Заев најави борба со „сваровски“ судството

Премиерот Зоран Заев во денешното обраќање до граѓаните преку социјалните мрежи најави борба со „ последни упоришта на заробената правда“. Тој рече дека правосудството мора да се прочисти од нечесни судии и обвинители, за да можат чесните и професионалните, непречено да ја обезбедат правдата која ја чекаат граѓаните.

,,Изминативе две и пол години се покажа дека судството остана последната тврдина на „заробената држава“, под контрола на одреден број судии и обвинители на моќни позиции“.

Заев ја повика Антикорупциската комисија веднаш да започне постапка за проверка на имотот на судиите и обвинителите.

„Антикорупциската комисија треба да ги утврди и конфликтите на интереси. Секој судија и обвинител треба да ги декларира сите адвокати, правни застапници и обвинители од своето опкружување со кои на било кој начин се поврзани, или биле поврзани, во судските постапки што ги воделе“.

Ги повика и Судскиот совет и Советот на обвинители да ја оценат одговорноста на судиите и обвинителите за застарувањето на предметите и целосно да ја проверат професионалноста и ажурноста на работата на судиите.

Премиерот упати повик и до Европската Комисија, веднаш да го стартува инструментот за мониторинг на судски случаи од висок профил.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »