Press "Enter" to skip to content

Помпео: Борбата против корупцијата е клучна за започнување преговори со ЕУ и членството во НАТО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, денеска во Охрид имаше средби со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Зоран Заев на кои беше потврдено стратешкото партнерство меѓу двете земји и поддршката од САД за интеграција на Северна Македонија во НАТО и ЕУ.

Клучната порака што ја испрати од Охрид до македонскиот државен врв беше да расчисти со корупцијата.

“Ги поздравуваме чекорите што ги презема владата во борба против против корупцијата и охрабруваме да има поголема одговорност за сите кои ја злоупотребиле јавната доверба. Борбата против корупцијата е клучна за вашето членство во ЕУ и НАТО, а уште поважно тоа е вистинската работа што треба да ја направите за демократијата и за вашиот народ” – порача американскиот државен секретар, Мајк Помпео.

https://irl.mk/soprugata-sovetnik-na-zaev-soprugot-vo-pokhod-vo-mediumskiot-biznis/

Toj предупреди да се внимава на инвестициите кои доаѓаат од Кина и очекува од Македонија и да се вклучи во борбата против дезинформациите и лажните вести.

“Силна демократија значи да одговори на грижите на јавноста и да преземе уште мерки да се одбрани од злонамерни влијанија. Срцата и умовите на граѓаните на Северна Македонија треба да ја водат државата напред, а не руските ботови и тролови на социјалните медиуми. Би сакал да ве предупредам и за ризиците од инвестициите на Кина во полето на чувствителните технологии и нивната тешка стратегија на подмитување при обезбедувањето на зделките во инфраструктурата. Сакаме Северна Македонија да успее, а не да се бори со корупција или со долгови” – рече Помпео на прес конференција во Охрид.

Опоен бизнис