Press "Enter" to skip to content

Помогни да ја истражиме урбаната мафија

Доколку работите во некоја од десетте скопски општини (Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари), Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете ни да ја почнеме борбата против корумипираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и зравјето на сите граѓани, не само на привилегираните.

Тимот на Истражувачката репортерска лабораторија веќе три години активно ја истражува рапидната урбанизација во скопските општини. Сите новинарски стории ја лоцираат корупцијата во градските власти и администрација, која работи за интересите на политички и финансиски моќните, а на штета на интерсите на обичните граѓани.

Доколку работите во некоја од десетте скопски општини (Карпош, Ѓорче Петров, Сарај, Центар, Кисела Вода, Аеродром, Чаир, Бутел, Гази Баба, Шуто Оризари) и сте биле сведок на корупција, Ве молиме одговорете го овој прашалник и помогнете нѝ да ја продолжиме борбата против корумпираните со цел да ги заштитиме животите, егзистенцијата и здравјето на Вашите сограѓани.

Првата анкета на ИРЛ беше наменета за граѓаните, кои покажаа огромен интерес за агресивната урбанизација во нивните маала, нивните дворови и паркови и одговорија околу 1600 граѓани од Скопје. Според резултатите од анкетата најголем број на скопјани веруваат дека корупцијата на општинската власт придонесува во градот да се гради на диво, узурпирајќи ги зелените површини, со што опаѓа и квалитетот на урбаното живеење. Огромно мнозинство од граѓаните на Скопје веруваат дека во последните десет години се случува градежна експанзија, во која не се почитуваат урбанистичките планови со присуство на голема корупција.

Вашата анонимност во анкетата е загарантирана, а доколку сакате да пријавите конкретен случај на корупција во Вашата општина, можете да ни пишете и на нашата интернет страна во делот „Пријави во ИРЛ“.

Вашите одговори ќе ги користиме исклучиво за новинарски истражувања кои ќе ги работи редакцијата на Истражувачката репортерска лабораторија.

Анкетата е отворена од денеска до 5 април.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »