Press "Enter" to skip to content

Поддршка од Борисов: Каков ризик може да има од Македонија, голема е колку Софија

Пред почетокот на Самитот на ЕУ, по кој ќе се знае дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите, бугарскиот премиер Борко Борисов даде поддршка за земјава да добие датум за отпочнување преговори за полноправно членство во ЕУ.

Според него, двете земји заслужуваат да добијат зелено светло од членките на Европската Унија, а не да ги користат внатрешните проблеми како изговор.

„Не гледам кој е ризикот од Македонија. Голема е колку Софија. Зошто да покажеме моќ против нив? Но, некои земји ги мешаат своите внатрешни проблеми. Земјите-членки се нервираат што комесарите биле одбиени. Политичките семејства водат внатрешни војни. Албанија и Северна Македонија заслужуваат поддршка. Во спротивно, ќе се прашуваме зошто се шири џихадизмот. Или зошто се зголемува влијанието на Кина во регионот“. рече Борисов.