Press "Enter" to skip to content

Пендаровски: Лидерите се согласни дека немаме алтернатива на ЕУ

Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија.

„Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери во нашата земја дека стојат зад идејата Република Северна Македонија што е можно поскоро да ги почне тие преговори и што е можно поскоро да ги заврши преговорите и да стане полноправна членка“ – рече Претседателот Пендаровски.

Тој појасни дека откако сите земји-членки ќе го ратификуваат протоколот за членство во Алијансата, последниот чекор е во нашиот парламент. Оттаму, додава Пендаровски, мора да се внимава, Собранието да може да заседава за да се ратификува протоколот, а не да биде распуштено поради евентуално распишување предвремени избори.

„Не би сакал поради технички причини да се одложува членството во НАТО“, рече Пендаровски.