Press "Enter" to skip to content

Јовановиќ: Чив интерес застапуваат министерката за финансии и Анѓушев?

Економскиот аналитичар Бранимир Јовановиќ, советник на поранешниот министер за финансии Драган Тевдовски денеска во колумна за порталот „Призма“ ја критикуваше одлуката 36 месеци да се стави во мирување прогресивниот данок.

„Министерката добро знае дека ефектите од реформата се подобри отколку што се очекуваше. Впрочем, и самата кажа дека „товарот“ од прогресивниот данок го поднеле компаниите. Тоа всушност ѝ е болката. Затоа што и таа, исто како и Вицепремиерот Анѓушев, во Владата дојдоа директно од раководството на најголемата стопанска комора во државата, што ни дава за право да се сомневаме дека и во Владата го застапуваат интересот на крупниот капитал, а не интересот на граѓаните“, напиша Јовановиќ.