Поранешниот судија Сејфула Османи вели дека ветингот ќе ја подобри состојбата во судството, но освен во судството, според него, ветинг треба да се направи и во многу други области.
„Сметам дека механизам за целосна декриминализација е ветингот кој многу ќе му помогне на нашето општество. Но, не треба ветинг само во судството. Јас не велам дека во судството нема корупција, но велам дека има и други зони во општеството кои се многу покорумпирани во судството“- вели Османи.