Денеска во ИРЛ стигна и кривична пријава против Жан Митрев, неговата болница и вработени лица, а ја поднел адвокатот Асмир Алиспахиќ пред три месеци во име на пациент кој се лекувал таму и починал од сепса.
Обвинителството по допрен глас оформи предмет, откако ИРЛ објави истражување за клиничката болница „Жан Митрев“ и доктор Жан Митрев. Откако откривме дека КОВИД пациенти без да знаат дека се предмет на клиничко испитување, им била нудена хемофилтрација (филтрација на крвта) како единствен спас од вирусот за илјадници евра, обвинителеството ќе ги проверува наодите на семејствата на жртвите, кои сведочеа за пропустите со кои се соочиле при лекувањето во клиничкиот центар „Жан Митрев“. Клиничките студии не биле пријавени во МАЛМЕД. Клиниката на доктор Жан Митрев, не пријавила ниту една интрахоспитална инфекција во Центарот за јавно здравје, иако потресните сведоштва на семеjствата на пациенти кои се лекувале таму посочуваа на интрсахоспитални бактерии кои биле кобни по животите на нивните најблиски.
„Предметот е распореден кај надлежен јавен обвинител кој ќе преземе дејствија за проверка на наводите од кои произлегуваат индиции за кривични дела против здравјето на луѓето“, одговорија од основовното обвинителство за ИРЛ.
Но, утрово до ИРЛ стигна кривична пријава која против Жан Митрев, неговата болница и вработени ја поденел адвокатот Асмир Алиспахиќ пред три месеци, во име на пациент кој се лекувал таму и починал од сепса – присуство на патогени микроорганизми или токсини во крвта.
Со писмена реакција се јавија и од клиниката „Жан Митрев“. Згрозени се од како што велат од тенденциозниот говор на омраза против болницата. Писмото доставено до сите медиуми го пренесуваме во целост.
До ИРЛ, пристигнаа стотици пријави од граѓани кои имале слично искуство како Мелита Брезева, која јавно во документарецот зборуваше како починал нејзиниот сопруг поради низата интрахоспитални инфекции кои ги добил во текот на лекувањето во клиниката „Жан Митрев“.