Press "Enter" to skip to content

Ништото што го кажа Насер Нуренидни

Министерот за животна средина, Насер Нуредини денеска два пати се обиде да ги избегне новинарските прашања поврзани со загадувањето на воздухот во Македонија. Пред почетокот на промоцијата на Третиот преглед на состојбите со животната средина, министерот одби да одговара на новинарски прашања со изговор дека нема време пред почетокот на настанот. По завршувањето на промоцијата, кога агендата предвиде прашања од присутните, тој повторно се обиде да го избегне одговорот на новинарски прашања. Овој пат барајќи од новинарите да се задржат на темата на денешниот настан.

Откако новинарите инсистираа да добијат одговор за тоа што прави власта да го спречи аерозагадувањето, тој реши да даде одговор кој се состоеше од ништо.

Во долгорочната стратегија е гасификацијата на земјата. На краток рок ќе ги преземеме сите неопходни мерки, за да се запре загадувањето, како што е борбата против пожари и подобра контрола врз индустријата, ќе разгледаме различни компании за интегралните дозволи А и Б, и ќе сториме се што е можно за кратко време. Долгорочно, ова е комплексно прашање, на кое сите мора да работиме заедно“, изјави министерот за животна средина, Насер Нуредини.

Тој не даде конкретен одговор на прашањето колку загадувачи се лоцирани и колку казни се изречени досега.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »