Press "Enter" to skip to content

Никола Димитров: После одлуката за датум на ЕУ ќе следи пресметка со подземјето и криминалот и ќе има одговорност за криминалот од „Бомбите“

Во вечерашната анализа на Телевизија 24, Министерот за надворешни работи Никола Димитров истакна дека Власта конечно после одлуката на ЕУ за почеток на преговорите во Октомври ќе започне пресметка со подземјето и криминалот во државата.

Откако потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски го обвини министерот за надворешни работи Никола Димитров за вмешаност во случајот „Рекет“, тој истакна дека токму после датумот за преговори ќе дојде задоцнетата правда.

„Планината наша што доаѓа после датумот за преговори е токму да се справиме со оваа грозна спрега на подземјето и криминалот. Ние тоа што излезе во „Бомбите“ сеуште го немаме сериозно чепнато, а тоа ќе се случи,“ вели Димитров во вечерашната анализа.