Press "Enter" to skip to content

Невена Георгиевска: Дел од тие што пред 4 години организираа протести против загадувањето на воздухот, сега се во Влада

29.11.2019

Невена Георгиевска од „О2 Иницијатива“ на денешниот „Марш за чист воздух“ на кој излегоа илјадници граѓани, упати критики кон надлежните за нивната неуспешност во справување со загадениот воздух.

„Дел од тие што пред 4 години организираа протести против загадувањето на воздухот, сега се во Влада. Тогаш загадувањето беше проблем, а денес ни кажуваат дека проблемот бил комплексен и требало време. Доста ни се приказни дека нивните мерки вродуваат со плод, вродуваат со плод само кога има ветер.“