Press "Enter" to skip to content

Нефи Усеини организира протест – бара да не се рушат дивоградбите

Советникот Нефи Усеини преку Фејсбук статус повика на протест против акцијата за уривање на дивоградбите во Охрид. Во статусот тој алудира на тоа дека не се уриваат објектите на езерскиот брег туку се уриваат куќи и џамии кои припаѓале на охриѓани.

Усеини на Фејсбук напиша:

„Во овој период сите чуствуваме притисок од страна на институции кои сакаaт да ни наштетат. Од 1400 дивоградби, вклучувајќи ги и оние покрај езерото кои го ризикуваат исклучувањето на Охрид од UNESKO, кои исто така ги окупираа тротоарите на градот, а читаме само за градби како куќи и џамии, кои им припаѓаат на охриѓани.

Затоа едногласно да станиме да ги браниме покривите од нашите браќа, затоа што тие можат да бидат и наши. Според тоа на 25.09.2019 (среда) во 10:00 часот пред Општина Охрид масовно да се поддржиме едни со други како што секогаш сме правеле за нашите граѓани“.

Усеини е сопственик на дивоизградена пицерија до чинарот во Охрид, а спорни му се уште неколку објекти.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »