Press "Enter" to skip to content

Недопирливиот Нефи Усеини

Полицијата трага по Нефи Усеини и неговиот брат откако охридскиот суд им одреди мерка притвор во траење од осум дена. Двајцата се осомничени за насилство врз нивни сограѓанин по инцидент што завчера се случил пред познат хотел во Охрид.

„Полицијата прави напори да ги лоцира двете лица, но тие се уште не се најдени“, велат од СВР Охрид за Сакамдакажам.мк.

Браќата Усеини се бараат за вооружен напад врз нивни сограѓанин кој се случувал пред неговото малолетно дете на паркингот пред хотел во центарот на Охрид.

Бегалецот Нефи Усеини е прв човек на огранокот на ДУИ во Охрид, советник во општината и бизнисмен. Тој не е било кој граѓанин, и досега можеше да прави кривични дела без да ги издржи затворските казни. Учествуваше во борби со кучиња и видеата од нив ги објавуваше на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција. Во Нефи и неговите постапки, судската, извршната и законодавната власт не гледаат проблем. Со нивна помош тој засега остануваше над законот.

Истражувачката репортерска лабораторија направи серијал насловен „Локални шерифи“, чија што цел е преку истражување на локалните проблеми да ги покаже апсурдите на кои што е сведен системот кој што од независноста до денес почива на широко распространета и длабоко пенетрирана корупција.

Приказната за Нефи Усеини не портретира само еден обичен злосторник, туку и гнилиот систем кој се изгради за да стане прифатено бруталното кршење на законите.

Погледнете го видеото на ИРЛ од серијалот „Локални шерифи“ кое беше посветено на ликот на Нефи Усеини.

(ВИДЕО) Локален шериф: Нефи Усеини

Повеќе од АктуелноПовеќе теми во Актуелно »