Press "Enter" to skip to content

Наташа Петровска: Гледајте ги работите од друга перспектива

16.12.2019

Градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, денеска отвори нова спортска сала и наместо да сече лента, направи „стој на глава“.

„Порака до сите млади, за сите оние коишто сакаат да ви го превртат светот има еден лек, гледајте ги работите од друга перспектива, останете свои и не дозволувајте да ви го сторат тоа“ – изјави Петровска.

Со овој свој гест градоначалничката испрати порака до младите.