Press "Enter" to skip to content

ИРЛ

Борбата со корупција на мускули и под притисок на ЕУ

Измените во Законот за спречување на корупција и судир на интереси по долго одложување и силен меѓународен притисок, денеска беа изгласани во Собранието. Министерката за правда, Рената Дескоска, се пофали дека законот е европски, а комисијата ќе биде силна и со проширени надлежности. Се прошируваат надлежностите во делот на контролата врз финансирањето на политички партии, членовите на Антикорупциската ќе имаат можност за увид во банкарските сметки на функционерите и директен…

Заев повикува на широк фронт за борба против корупцијата, се стеснува ли просторот за изговори

Република Северна Македонија ќе биде земја на економски просперитет, а 2019 нема да биде само година на ЕУ и НАТО, туку и година на реформите. За тоа да се случи сите мора да се бориме за праведна држава без корупција. Вака сублимиран звучи наративот кој денеска провејуваше во целиот говор на премиерот Зоран Заев кој укажа дека изговори повеќе нема, сега откако парламентот донесе одлука. „Од денес ќе се работи…

Турска новинарка затворена поради истражување за поранешниот премиер во аферата „Рајски документи“

Турската новинарска Пелин Инкер е осудена на затвор поради нејзиното учество во глобалното истражување кое потекна од протечените документи од аферата „Рајски доокументи“. Таа е осудена поради наводно клеветење на поранешниот премиер Бинали Јилдирим и неговите двајца синови. Судот во Истанбул ја осуди новинарката и членка на Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари на 13 месеци затвор поради „клевета и навреда“. Новинаркта известуваше за Јилдирим и неговите двајца синови кои тајно…

Како Јанева го правдаше куќниот притвор за Мијалков и Камчев

Оправдани се стравовите за опасност од бегство и опасност од влијание врз сведоци, вака накусо изгледа резимето од образложенијата на судиите кои одлучуваа за притворите на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков и бизнисменот Јордан Камчев.  ИРЛ Македонија дојде до судските решенија за Мијалков и Камчев со коишто и двајцата се испраќаат од затвор во куќен притвор. Истите откриваат дека Камчев, покрај македонското имал и бугарско државјанство, но и дека…