Press "Enter" to skip to content

Убиство во Виена

Во последните денови од 2008 година, Ерих Ребасо, австриски адвокат, испрати писмо до седиштето на федералната криминална полиција во Виена, највисоката агенција за спроведување на законот во земјата.

Содржината на писмото беше невообичаена – татко на четири деца открива информации за нелегални активности против самиот себе.

“Длабоко жалам што бев користен за криминални цели и сум подготвен да го поднесам случајот до надлежните органи”, беше заклучокот од петте страници исповед на Ребасо.

Тогаш, 45 годишниот Ребасо, специјализирал да ги советува руските клиенти за тоа како да прават бизнис на западот. Тој имал одлична репутација како брз, сигурен и дискретен партнер, а исто така зборувал и руски.

Но, сето тоа се распаднало. Ребасо признава дека бил користен за перење десетици милиони долари. Тој објасни дека повеќе од една година прифаќал плаќања од руски криминалци, а средствата ги испраќал на други банкарски сметки.

Криминалците користеле компании кои биле дел од “Troika Laundromat”, масивната финансиска шема откриена во најновата истрага за Laundromat на OCCRP која била составена од “Troika Dialog”, тогаш најголемата приватна инвестициона банка во Русија. Некои од сметките на кои Ребасо префрлал средства се на две офшор компании – “Industrial Trade Corp.” и “Nixford Capital Corp.”

Помеѓу декември 2006 година и февруари 2008 година, Ребасо користел 150 индивидуални трансакции за да испрати речиси 96 милиони американски долари на сметки “Laundromat”, во литванската банка “Ukio Bankas”.

Личните смети на Рабесо биле во австриската банка “Raiffeisenlandesbank Niederösterreich-Wien (RLB)”. И покрај тоа што банката ги истражувала неговите големи трансфери, потребни и биле две години за да превеземе нешто.

Писмото за исповед на Ребасо имало мал ефект. На полицијата и биле потребни две години за да го информираат дека ја прекинале постапката, со образложение дека секое потенцијално кривично дело се случило надвор од нивната јурисдикција и било извршено од странци.

Две години потоа, Ребасо бил мртов.

Ерих Ребасо

Измамата Шереметјево – Москва

Според неговата изјава, тој во шемата за перење пари се вклучил по посетата на Москва во ноември 2006 година, каде што се запознал со рускиот бизнисмен Виатчеслав Дремин. Дремин му рекол дека обезбедува финансиски услуги за Руси кои требало да ги пренесат своите средства во странство. Но, официјалниот систем за испраќање пари преку границите било многу бирократско, а неговата задача била да го забрза процесот. Тој сакал Ребасо да дејствува како негов повереник во Виена за да му помогне побрз пренос на средствата.

Адвокатот прифатил. Наскоро, две банкарски сметки во Виена кои припаѓаат на неговата австриска компанија, “Schulhof Investigation” (подоцна преименувана во “Sostegno”), почнуваат да добиваат големи суми на пари од компаниите што ги претставува Дремин, заедно со упатства за тоа каде да ги испратат. Робесо ги добивал насоките преку анонимни електронски адреси.

Ребасо работел во име на три осигурителни компании регистрирани во Дагестан, проблематична република во Северен Кавказ во рамките на Руската Федерација.

Очигледно било дека дел од парите имале криминално потекло.

Една од компаниите кои ги претставувал Дремин, “National Insurance”, била предводена од рускиот бизнисмен Максим Веденин. Во 2011 година, Веденин бил осуден на 19 години затвор за грабеж и убиство на две проститутки.

Пред тоа, компанијата на Веденин добила пари од широко позната шема која вклучува гориво на аеродромот Шереметјево во Москва, што OCCRP ја открива во 2012 година.

Помеѓу 2003 и 2008 година, најпрометниот аеродром во Москва купувал гориво преку долг синџир на посредници, кои сериозно ги зголемуваат трошоците. Според судските документи, фантомските компании заработувале најмалку 200 милиони долари во непотребни марки во 2006 и 2007 година. Руската влада загуби повеќе од 1 милијарда рубли (40 милиони долари) во даночните приходи од оваа шема. Поголемите трошоци за гориво, исто така, значеа повисоки цени на авионски билет за патниците.

Еден дел од парите генерирани од оваа шема биле пренесувани преку “Troika Laundromat”. Компанијата на Веденин, “National Insurance”, добивала дел од приносите, а потоа ги испраќале на компанијата на Ребасо.

Австрискиот адвокат потоа ги испраќал средствата во “Troika Laundromat”, користејќи го како систем за перење пари. Во текот на истиот период, помеѓу декември 2006 и март 2007 година, тој испратил 19,4 милиони долари на сметките на “Nixford” и “Industrial Trade Corp”. За да ги оправда трансферите до банката, обезбедил лажни фактури кои укажувале дека купил “стока за широка потрошувачка” од компании на “Troika Laundromat”, или во некои случаеви едноставно плаќал за “сметки”.

Сите, освен една од компаниите на Дремин, се распуштени, а тој не е достапен за коментар.

Московскиот аеродром Шереметјево.

Рајфајзен го разгледува случајот

И покрај напорите на Ребасо да ги маскира трансферите на пари како легитимни трговски договори, неговата банка почнува да ја испитува финансиската активност во пролетта 2007 година.

На 15 март, канцеларијата на Ребасо добива писмо од правниот оддел на неговата банка, прашувајќи за наглото зголемување на износите на трансакциите на една од неговите сметки. Банката сакала да знае во чие име дејствувал Ребасо.

Неколку дена подоцна, Ребасо одговорил со писмо, објаснувајќи дека работи со странски плаќања за три руски осигурителни компании. Тој, исто така, ги дал и имињата на компаниите, нивните информации од рускиот трговски регистар и доказ за неговиот деловен однос со нив.

Се чини дека банката била задоволна од објаснувањето на Ребасо, бидејќи потоа, неговите трансфери продолжиле.

(Претставник на РЛБ изјави дека банката не може да ги коментира своите клиенти и дека ги исполнила сите обврски за спречување на перење пари.)

Последен клиент

Во средината на 2007 година, изјавата на Ребасо за полицијата вели дека стапил во контакт со Алжис Миргунов, еден од руските партнери во неговиот аранжман со Дремин. Миргунов планирал да започне сопствено финансиско претпријатие и сакал Ребасо да отвори банкарски сметки во Австрија во негово име. Уште еднаш, адвокатот се согласи.

Тој отворил три нови “RLB” сметки на неговата компанија, “Schulhof”, за да се справи со предвиденото оптоварување. Сметките биле деноминирани во американски долари, евра и руски рубли, а за кусо време започнуваат да се внесуваат големи суми на пари. И овој пат, Ребасо ги добивал своите инструкции од анонимни електронски адреса, овој пат идентификувани само со низа цифри.

На почетокот на 2008 година, Ребасо префрлил 68,3 милиони долари преку 106 индивидуални трансфери на банкарска сметка во сопственост на “Vantrel Invest Ltd”, компанија регистрирана во Нов Зеланд.

“Vantrel” не личи дека е компанија “Troika Laundromat”, спротивно на тоа, компанијата е посредник која испраќала милиони на “Laundromat”. (Банкарската сметка на “Vantrel” е во “Ukio Bankas”, каде што многу “Laundromat” компании ги чуваат своите сметки.) Документите поврзани со трансакциите велат дека требало да купат мобилни телефони.

Преку своето писмо до австриската полиција тој изјави дека престанал да работи за Русите во 2008 година. Не е познато колку заработил од своите услуги.

“Ја завршив оваа активност кон крајот на февруари”, напиша тој. “Меѓу други причини, пред се поради тоа што обемот ги разочара моите опции за контрола”.

Измамата Финлист

Иако тој престанува да работи со своите руски партнери, проблемите на Ребасо штотуку започнале. Се чини дека тој станал непосакуван дел на големата измамничка шема.

Според неговото писмо, во јуни 2008 година, Ребасо почнал да прима пораки по електронска пошта од Руси кои тврделе дека нивните заштеди биле украдени.

Ребасо ги опиша дописниците како прилично едноставни, не многу богати луѓе кои биле намамени со интернет реклами.

На жртвите на шемата им биле понудени, она што се чини дека се профитабилни можности за инвестирање преку платформа наречена “Finlist Forex Found”. Потоа, без знаење на Ребасо, им било наложено да ги испратат своите пари на сметките на неговата австриска компанија, Sostegno.

Ребасо изјави дека руските измамници им давале на инвеститорите документи со негов лажен потпис. Кога парите започнале да пристигнуваат на неговите сметки, Ребасо продолќил да ги испраќа понатаму без да биде свесен за нивното потекло.

Сега жртвите биле бесни, барајќи отплата на пари што тој веќе ги испратил на “Laundromat”.

Ребасо стапил во контакт со Миргунов и прашал што се случува. Русинот му рекол дека ќе го реши проблемот и ќе му надомести на секој кој загубил пари. Но, тој никогаш не го сторил тоа, и до крајот на годината, Ребасо го испраќа своето писмо до Федералната криминална полиција.

Почетокот на крајот

Полицијата го упати случајот до јавното обвинителство во Виена, но очигледно ништо не се случило. На 3 декември 2010 година, две години по неговата жалба, Ребасо бил известен дека полицијата го завршила нивниот случај. Бил одбиен затоа што јавниот обвинител одлучил дека случајот бил надвор од австриската јурисдикција. “Странски дела на странци”, се вели во соопштението.

Приказната на Ребасо се приближува кон својот крај

Кон крајот на јули 2012 година, додека одел од својата канцеларија кон неговиот автомобил во подземен паркинг, тој бил нападнат од двајца мажи. Неговиот автомобил подоцна бил пронајден празен на друга локација, а кратко време по неговото исчезнување, неговото семејство добило барање – киднаперите барале откуп од 435.000 евра. Откако не успеале да постигнат договор, телото на Ребасо било пронајдено три недели подоцна во шума во близина на Виена. Австриските власти го потврдиле неговиот идентитет.

Полицијата го отстранува телото на Ерих Ребасо од пошумена област близу Виена, 16 август 2012.

Набргу потоа, двајца поранешни руски полицајци биле уапсени и обвинети за побарувачката за откуп, но не и за киднапирање и убиство на Ребасо. Тие биле осудени на осум и девет години затвор.

Сè уште не е јасно кој и зошто го наредил убиството на Ребасо, иако медиумите и полицијата шпекулираа дека руските полицајци работеле за жртвите на инвестициската измама и биле најмени од нив за да го киднапираат Ребасо.

Повеќе од шест години подоцна, точните околности на смртта на Ребасо сè уште не се познати.

Пишуваат

Пол Раду, Микаел Никбакш и Кристоф Зотев

Сашка Цветковска

Сашка Цветковска

Главен и одговорен уредник

Сашка Цветковска е меѓународно наградуван истражувачки новинар и главен уредник на Истражувачка репортерска лабораторија. Цветковска работела на голем број национални и прекугранични истраги кои открија домашен и меѓународен криминал, корупција, недозволена трговија со оружје и војни со дезинформации. Истражувањата на кои што работела биле објавувани во Гардијан, Базфид, Зидојче Цајтунг и други. Нејзините сегашни одговорности се фокусирани на зголемување на влијанието на истражувачко известување преку создавање нови наративи на приказните преку филм и кампањи. Во таа насока во моментов ја извршува позицијата продуцент на документарен истражувачки серијал Редакција. Цветковска десет години е дел од истражувачкиот тим на Меѓународниот проект за известување за организиран криминал и корупција, меѓународна медиумска организација поврзана со ИРЛ. Била член на Бордот на директорит на OCCRP и на Здружението на новинари на Македонија.

Елена Митревска Цуцковска

Елена Митревска Цуцковска

Уредник за развој и операции

Елена Митревска Цуцковска е коосновач на ИРЛ и заедно со уредникот е одговорна за следење и дизајн на процесот на импленетанција на активностите на ИРЛ. Таа е проектен директор на документарниот серијал Редакција. Со новинарите соработува повеќе од 10 години и работела и на други технолошки решенија за подобро пребарување на јавните дати бази на податоци кои ги употребуват нашите репортери со цел нивната работа да биде побрза и поефикасна. По професија е софтвер инженер и графички дијзанер и таа е воедно и првиот технолошки експерт кој е обучен и работи во сферата на медиумите. Дел е од прекугранчата група на технолошки експерти на OCCRP и со своите поинакви вештини допринесува во прибирање и анализа на информации и како истражувач во ИРЛ.

Бојан Стојановски

Бојан Стојановски

Заменик главен и одговорен уредник

Бојан Стојановски е дипломинаран новинар со над десет годишно искуство во медиуми. Работел во телевизиите Алфа, 24 Вести и Алсат од каде доаѓа и станува дел од тимот на ИРЛ. Стојановски низ кариерата следел теми од областа на судството, криминал, корупција. Во 2013 - та година ја добива наградата „Никола Младенов“ за истражувачко новинарство, на тема „Вработување во јавната администрација преку партиски список“.

Деница Чадиковска

Деница Чадиковска

Уредник за развој и операции

Деница Чадиковска е дипломиран психолог, која својата новинарска кариера ја започнува во 2017 година како коавтор и копродуцент на младинската емисија Крик. Чадиковска стана дел од тимот на ИРЛ во 2018 година како истражувачки новинар – практикант во рамки на проектот за обучување на идни медиумски лидери. Во јуни 2023 година таа доаѓа на позицијата уредник за комуникации задолжен за спроведување на комуникациската стратегија на ИРЛ како дел од тимот за комуникации и продукти.

Mаја Јовановска

Mаја Јовановска

Истражувач и новинар

Mаја Јовановска е дипломоран новинари и следи теми од областа на корупција, криминал и правосудство. Во долгогодишната кариера работела во бројни медиуми како А1 телевизија, Канал 5 телевизија, Алсат и порталот НОВАтв пред да се придружи на основачкиот борд на ИРЛ во 2018. Добитник е на домашни признанија и награди и има учествувано на голем број обуки и конференции од областа на истражувачкото новинарство. Била член на раководството на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници на Македонија и Советот на Етика во медиумите во Македонија, а моментално е дел од раководството на ЗНМ.

Александра Денковска Гоцевска

Александра Денковска Гоцевска

Истражувач и новинар

Александра Денковска Гоцевска е дипломиран новинар со десетгодишно искуство. Работела во дневниот весник Нова Македонија, новинската агенција Мета.мк и порталот НОВАТВ. Во текот на кариерата работела на теми од областа на политика, урбанизам, судство и корупцијата. Со истражувачко новинарство започнува да се занимава во 2015 година кога доаѓа да работи како репортер во истражувачката редакција на НОВАТВ. Учесник е на десетици конференции и работилници за истражувачко новинарство. Автор е на првата андеркавер истражувачка сторија во Македoнија за животот на децата од домот 25 Мај.

Александар Јанев

Александар Јанев

Истражувач и новинар

Александар Јанев е дипломиран економист кој својата кариера како економски новинар ја започнува во 2008 во телевизијата Алфа. Вештините за професионално известување ги учи од врвни економски новинари преку обуки во земјава, но и во странство во новинската агенција „Ројтерс“, Велика Британија. Во 2010 година преминува во печатениот медиум Капитал, каде што работи до 2022 година. Во меѓувреме работи како постојан соработник на Балканска истражувачка репортерска мрежа (БИРН), а од 2018 година е и автор и уредник на ТВ проектот „Агенда 35“ што се емитува на Македонската радио телевизија. Од 2023 е дел од тимот на ИРЛ и следи корупција и економски криминал.

Иван Блажевски

Иван Блажевски

Истражувач и новинар

Иван Блажевски е новинар кој се занимава со теми од областа на меѓународни односи, криминал и корупција. Од 1998 година работи како новинар, а од 2001 година е уредник и дописник на шпанската државна новинска агенција EFE за Македонија, Албанија и Косово. Во својата долгогодишна кариера, Блажевски работел во бројни медиуми како Макпрес, Франс Прес (AFP), Вечер, Дневник, Време и Радио Слободна Европа, а 18 години бил уредник на вестите и документарната програма во ТВ АЛСАТ. Блажевски се придружува на тимот на ИРЛ во 2024 година. Добитник е на награда за истражувачко новинарство од Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Има произведувано телевизиски програми во повеќе држави и региони, вклучувајќи Јапонија, Гренланд, Боливија, Кина, Непал, Бангладеш, источна Африка, Куба, Перу, Данска, Италија, Германија и други.

Пелагија Младеновска Стојанчова

Пелагија Младеновска Стојанчова

Истражувач и новинар

Пелагија Младеновска Стојанчова е новинар со над 16 години искуство во медиумската сцена. Својата кариера ја започнува во дневниот весник „Шпиц“ во 2008 година и во неделникот „Сега“. Од 2009 година се придружила на тимот на Радио Слободна Европа на македонски јазик, каде известува за политика, криминал, корупција и економија преку различни медиумски платформи. Од 2024 се вработува во ИРЛ како истражувачки новинар. Дипломирала на Филозофскиот факултет и продолжила образованието на Школата за новинарство на Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Во текот на нејзината кариера работела на проекти за едукација и менторство на млади новинари.

Лука Блажев

Лука Блажев

Графички дизајнер

Лука Блажев е графички дизајнер во ИРЛ кој станува дел од тимот во 2019 година. Неговата кариера во полето на графички дизајн и уметност започнува во 2017та година преку работа на повеќе проекти за различни домашни и странски компании. Во ИРЛ, Блажев е задолжен за изнаоѓање графички решенија за истражувањата и дизајн на промотивните содржини кои произлегуваат од истражувањата, а ја следат комуникациската стратегија на ИРЛ. 

Трифун Ситниковски

Трифун Ситниковски

Режисер на "Редакција"

Трифун Ситниковски работи во филмската индустрија повеќе од една деценија. Има снимено повеќе од десетина кратки акциони филмови, кратки документарни филмови и три ТВ серии на кои работел како сценарист, режисер и извршен продуцент. Покрај режија на филмови, има работено и на бројни проекти како продуцент, монтажер, кинематографер, асистент на режисер и претпоставен за сценарио на кратки филмови, ТВ емисии, документарни филмови, реклами и музички спотови. Неговиот последен проект како режисер и сценарист е на документарниот серијал „Редакција“.

"Трајче

Трајче Антоновски

Kинематографер

Трајче Антоновски е снимател и дел од кинематографите на документарниот серијал „Редакција“. Антоновски повеќе од 10 години работи на визуелна реализација на спортски натпревари под покровителство на УЕФА и ЕХФ. Работел во информативната редакција на А1 и порталот НОВА ТВ, а бил дел од тимот за реализација на политичките емисии “Еврозум”, “Проверено”, но и на бројни забавни проекти како популарниот квиз „Кој сака да биде милионер“,„50-50“ и други проекти. Во ИРЛ Македонија е  дел од тимот задолжен за екранизација на сториите.

Горјан Атанасов

Горјан Атанасов

Монтажер и видео уредник

Горјан Атанасов е филмски и ТВ монтажер со повеќе од 8 години искуство во филмската и телевизиска индустрија. Атанасов има работено на повеќе играни и документарни проекти. Досега, како монтажер, се има потпишано на 6 кратки играни, 2 долгометражни документарни филмови, а моментално во ИРЛ работи како монтажер на документарниот серијал „Редакција“ и на кратките видео стории и мултимедијални проекти на организацијата.

„Поштенска банка“ е случај стар повеќе од две децении. Како се приватизирала првата државна банка се истражуваше исто толку долго. Случајот го реотвори во 2018 година тогашното Специјално јавно обвинителство. Но, по распадот на СЈО, случајот го презеде Обвинителството за гонење организираниот криминал и корупцијата. 

На 13 јуни 2024 година Кривичниот суд во Скопје, поради политичката интервенција на владата на СДСМ и ДУИ во спорните измени на Кривичниот законик, ја запре постапката. Таа се водеше против бизнисменот Томе Главчев, актуелен претседател на Кошаркарската федерација на Македонија, потоа Ратко Димитровски, поранешен градоначалник на Кочани од ВМРО-ДПМНЕ и адвокатот Зоран Шуклев.

Тие беа гонети за делата злоупотреба на службената положба и за перење пари. Преку надзорот било утврдено дека во решението на Кривичниот суд не е наведено по кој член од Законот за кривична постапка (ЗКП) се запира постапката.

Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата, незадоволно од одлуката на Кривичен, поднело жалба со образложение дека Главчев, Димитровски и Шуклев треба да одговараат барем за делото перење пари.

Сепак, вишиот јавен обвинител Јован Цветановски се откажал од правото на жалба пред Апелација, а таквата одлука ја објаснил преку службена белешка во која причините за повлекување од жалбата биле, како што се наведува во надзорот, целосно контрадикторни и нејасни.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели сметаат дека со откажувањето од жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организираниот криминал и корупцијата, јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје не постапил професионално, стручно и законито“, стои во извештајот. 

Но, обвинителот Џелал Бајрами сметал дека Цветановски постапил согласно неговите надлежности. Со откажувањето од жалба Апелацискиот суд повеќе немал можност да расправа по жалбата на Обвинителството за гонење на организираниот криминал и корупцијата и случајот бил затворен.

Вториот случај е за бесправно градење во Зелениково на Драган Павловиќ-Латас и неговите двајца браќа Звездан и Срѓан Павловиќ. Кривичниот суд ги ослободил од вина на 4 јули 2019 година, а на 18 јули 2022 година на повторното судење била донесена истата одлука. 

Јавното обвинителство Скопје поднело жалба која на 10 октомври 2023 година била уважена и била закажана седница пред Апелацискиот суд во Скопје. На 6 ноември 2023 предметот бил рефериран во Јавното обвинителство каде што биле присутни тогашниот државен обвинител Љубомир Јовески, јавните обвинители Ферат Елези и Соња Симовска и вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јован Цветановски.

„Заклучокот по однос на реферирањето на јавниот обвинител кој го застапува предметот пред Апелацискиот суд да предложи да изготви вештачење дали преземените дејствија во предметот во градежните работи претставуваат подготвителни дејствија и да се утврди датумот на отпочнување на градежните работи. Да се повика вешто лице на главната расправа и да се расчистат дилемите“, пишува во извештајот од надзорот во ВЈО Скопје. 

Веќе следниот ден одбраната на браќата Павловиќ пред Апелацискиот суд доставила нов доказ - наод и мислење изготвено од вешто лице. Цветановски побарал рочиштето да се одложи за вкрстено да може да го испраша вештакот. Но, тогаш според надзорот се случило следното:

„Јавниот обвинител на расправата не ги поставил прашањата што ги најавил на записник од 7.11.2024 година, а на поставените прашања не добил одговор од вештото лице на спорните прашања од реферирањето пред Јавното обвинителство на Република Северна Македонија“, пишува во извештајот. 

Цветановски не постапил по насоките добиени на колегиумот во обвинителството да се изготви вештачење и наместо тоа го прифатил вештачењето на адвокатите на одбраната.

„Јавниот обвинител постапил спротивно на член 37 од Правилникот за внатрешно работење на јавните обвинителства според кој заземениот став и мислење по реферирањето е задолжителен за пониското јавно обвинителство“, напишале обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели во документот од надзорот. 

Но, третиот член на комисијата за надзор, Џелал Бајрами, бил со став дека Цветановски постапил согласно заклучоците од реферирањето пред колегиумот во обвинителството.

Третиот предмет кој бил анализиран е случајот „Серта“ за тендери за чистење владини институции. Предметот стигнал во Вишото обвинителство откако Основното обвинителство поднело жалба на одлуката на Кривичниот суд.

Овој суд при оцена на обвинителниот акт ги прифатил приговорите на обвинетиот Спасо Ѓеорѓиев и фирмата „Серта“ кои биле гонети за злоупотреба на постапката за јавен повик. ОЈО на 29 јануари 2024 година ја обжалило ваквата одлука на судот.

Токму за овој случај има известување за вршење притисок врз службеничка во Вишото јавно обвинителство Скопје која ги архивирала и распределувала предметите. Добила наредба од тогашниот шеф на Вишото обвинителство Мустафа Хајрулахи со насоки кај кој обвинител да го додели случајот.

„За предметот ‘Серта’ ми беше кажано да му го заведам и дадам на јавниот обвинител Јован Цветановски“, изјавила службеничката Даниела Лапе, вработена во ВЈО Скопје, чие сведочење е дел од извештајот од надзорот.

На рочиштето на 9 април 2024 година во Апелацискиот суд, вишиот обвинител Цветановски се откажал од жалба.

„Од увидот во службена белешка од 9.4.2024 година видно е дека јавниот обвинител ги анализира доказите приложени кон обвинителниот акт, што е спротивно на одредбите од Законот за кривична постапка, член 336 и член 337, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓал предметот“, пишува во извештајот од надзорот.

Во оваа насока е и правното мислење на Врховниот суд од 7.12.2021 година дека Советот за оцена на обвинителен акт не ги анализира доказите ниту, пак, го оценува квалитетот на доказите. Тој само треба да внимава дали некој доказ е прибавен на незаконит начин, нешто што требало да биде фокус за произнесување и на Јован Цветановски.

„За предметот е донесена пресуда на Врховниот суд на Република Северна Македонија 11.9.2024 година. Во оваа пресуда е констатирана повреда на законот во корист на обвинетите, а во самата пресуда е наведено дека ваквата повреда, сторена од страна на Советот за оцена на обвинителен акт, можела да биде санирана доколку Вишиот јавен обвинител не се откажал од изјавената жалба“, стои во документот од надзорот. 

Јавните обвинители Лиле Стефанова и Елвин Вели во заклучоците за овој предмет напишале дека со откажувањето од жалбата обвинителот Цветановски не постапил професионално, стручно и законито и се впуштил во анализа на докази и постоење на умисла за сторување кривично дело. Но, тоа требало да го утврдува надлежен суд. Сепак, и за ова јавниот обвинител Џелал Бајрами сметал дека Јован Цветановски постапил согласно неговите надлежности. 

Последниот, четврти, случај кој бил контролиран повторно е на обвинителот кој е под бројот римско два - Јован Цветановски. Станува збор за точење алкохолни пијалаци на дете.

Судот во Неготино ги прогласил за виновни Ѓорѓи Лазов и Илија Вангелов и правното лице ДПТУ „С.О.С. обезбедување“ ДОО Неготино. Обвинетите биле незадоволни од пресудата, па поднеле жалба по што бил оформен предмет во ВЈО Скопје.

На 3 февруари 2023 година Апелацискиот суд во Скопје ја укинал пресудата и предметот го вратил на повторно судење. Јован Цветановски не се појавил на јавната расправа во Апелација, а претходно ВЈО Скопје оценило дека жалбите на обвинетите се неосновани.

На 8 мај 2023 година судот во Неготино донел нова пресуда во која обвинетите биле прогласени за виновни, по што тие повторно поднеле жалба.

„На 23.8.2023 година од страна на јавниот обвинител во Вишото јавно обвинителство Скопје, Јован Цветановски, до Апелацискиот суд Скопје е доставен писмен предлог КОЖ.бр. 1187/23 со кој се предлага жалбите на обвинетите да се одбијат како неосновани“, се наведува во извештајот од надзорот. 

Цветановски дополнително објаснил дека во повторното судење судот во Неготино постапил по насоките дадени од Апелација и биле отстранети сите констатирани повреди во првостепената постапка. Но, само неколку месеци подоцна Јован Цветановски се премислил.

„На расправа на 26.12.2023 година јавниот обвинител се откажува од обвинението. Од увидот во пресудата на Апелацискиот суд Скопје на расправата пред судот не бил изведен ниту еден нов доказ и со ништо не била променета фактичката состојба од моментот на давањето на предлогот“, стои во извештајот од надзорот.

На истиот ден, 26 декември 2023 година, Цветановски изготвил службена белешка дека се откажал од обвинение затоа што немало докази за делото.

За ваквиот начин на постапување, единствено мислење имаат сите тројца обвинители кои го вршеле надзорот, Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами, кој за претходните три случаи беше со став дека Цветановски постапувал законито. Сега и Бајрами сметал дека Цветановски постапил спротивно на правилата.

„Јавните обвинители Лиле Стефанова, Елвин Вели и Џелал Бајрами сметаат дека, имајќи ги предвид писмените предлози во двете постапки и ставовите искажани во нив, а во ситуација кога на главната расправа не се изведени нови докази, со откажувањето од обвинението јавниот обвинител не постапил професионално, стручно и законито“, нотирале тројцата обвинители во извештајот од надзорот.

Но, извештајот кој содржи 20 страници е потпишан само од обвинителите Лиле Стефанова и Елвин Вели. Џелал Бајрами не се потпишал на документот кој откако бил изработен му бил доставен на тогашниот државен обвинител Љупчо Коцевски.

Во прилог на извештајот има службена белешка од Бајрами, како и известување од петте службенички за начинот на кој Мустафа Хајрулахи им вршел притисок да заведуваат и распределуваат предмети во Вишото обвинителство додека бил шеф.