Антикорупциската комисија останува изолирана од другите институции кои треба да и’ бидат логистика во борбата против корупцијата. Членовите на ДКСК немаат пристап до базите на ниту еден државен орган од каде можат да црпат податоци за имотната состојба на функционерите. Речиси две години Комисијата не успеа да набави софтвер кој ќе ја поврзе со 17 други институции, како МВР, УЈП, Катастар, Централниот депозитар за хартии од вредност и други. „Во…
ИРЛ
Снимателот и монтажер Тони Николовски, сопруг на поранешната советничка на премиерот Зоран Заев, Ленче Николовска, стана посебен советник за односи со јавност на министерот за земјоделие и шумарство. Телевизиската водителката Зорица Андреева и’ стана советник за евроинтеграции на министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска. И двајцата не се експерти во својата област. Но, ним и речиси целиот список на посебни советници во Владата ги врзува една работа – лојалноста…
Поминаа три години откако потпорен ѕид се урна врз работник на градилиште во Дебар Маало. Пензионерот Мијалчо Тодоровски загина на работно место, додека се правеа темелите на станбена зграда. Зградата одамна е вселена, становите се продадени, а смртта на работникот падна во заборав на институциите и во медиумите. Тодоровски е само статистика, како уште една жртва која е затрупана под бетонот и под правдата. Загубата не ја заборава единствено неговото…
Изградбата на пруга е најголемото ветување кое сите партии го даваат пред избори. Така беше и на овие избори. Вчера власта најави нова пруга која треба да ги поврзе Македонија и Албанија. За тоа да се случи треба да се поврзат Струга и Кичево. Владата усвои само информaција дека на Министерството за финанси му дава дозвола да бара кредити и грантови во износ од 426 милиони евра и тоа само…

















