Суплементите на еден од најстарите и најпопуларните македонски брендови за одржување на телото „Слимлајн“ биле лажно декларирани додатоци за храна кои содржеле антидепресиви и опасни лекови за слабеење. Две години полицијата не може да постапи по барањето на АХВ за да ја блокира веб-страницата на „Слимлајн“ за продажба на нивните производи. Со помошта на познати инфлуенсери на „Инстаграм“ и „Фејсбук“, производите слободно се продаваат и се консумираат, иако е донесено…
ИРЛ
Гостиварскиот обвинител Арсим Адеми доби само три гласови од Советот на јавни обвинители и нема да биде дел од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција. За Адеми гласаа само членовите Фаик Арслани, Арбер Исаку и Коле Штерјев. На денешната седница, Советот на јавни обвинители доверба им даде на досегашните обвинители од тимот на Вилма Русковска кои беа реизбрани со мандат за уште четири години. Во обвинителството се враќаат…
Ова е најскапата набавка на мазут во државата кога било, направена меѓу државната ЕСМ и еколошки контроверзната компанија РКМ. Никој од лиценцираните трговци со мазут не се пријавил на двата повика за набавка на вкупно 188 илјади тони мазут, но Капушевски доставил понуда со девет фирми од различни држави како негови добавувачи. ОМВ од Австрија и ИНА од Хрватска тврдат дека Капушевски ги излажал ЕСМ дека тие ќе му продаваат…
Најголемата руска банка Сбербанк денеска се повлекува од Европа. Московската берза не работи трет ден, цената на гасот е со историски високи цени со што европејците ќе купуваат рекордно скап енергенс. Светските западни влади воведоа серија економски санкции од кои што најзначајна се смета исклучувањето од СВИФТ инструментот. ИРЛ направи преглед на компаниите со руски капитал во земјава и на компаниите што имаат трговски врски со Русија и Украина, со цел…

















