Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска беа првите сведоци кои денеска беа испитани во Кривичниот суд во случајот против Жан Митрев. Едната изгубила татко, другата изгубила сопруг. Двете кажаа дека се чувствуваат измамено и имаа оштетни побарувања. За двата сведока пресудно во одлуката каде ќе се лекуваат нивните блиски биле промоцијата на хемофилтрацијата како најуспешен начин за лекување на вирусот Ковид 19. Со денешното сведочење на Кристина Стојанова и Љубица Кузмановска…
ИРЛ
Како аргумент за невиноста на докторот, покрај неговите успеси и признанија, беа посочени и позитивните коментари на социјалните мрежи. Одбраната негодуваше и за извештајот изготвен од 15 лекари кои што ги анализирале досиејата на пациентите и утврдиле дека докторот немал согласност за хемофилтрацијата, а кај третина од пациентите третманот се вршел без индикации. Известува: Лила Караташева Воведните зборови на одбраната на докторот Жан Митрев започнаа со напади кон обвинителката, а…

Условна казна и 3 илјади евра за фирмата чиј работник загина на небезбедно градилиште во Дебар Маaло
За смртта на непријавен работник на градилиште во скопско Дебар Маало, судот утврди условна казна за одговорниот раководител на градилиштето и парична казна од само три илјади евра за фирмата „Колбико Инженеринг“. Во 2017 година Мијалчо Тодоровски загина на работно место – врз него падна потпорен ѕид. Инвеститорот смртта на работникот сакаше да ја претстави како несреќа и да се огради дека не станува збор за работник кој го ангажирале…
Жан Митрев не чувстува вина. Обвинителката Искра Хаџи Василева тврди дека ќе докаже дека докторот мамел пациенти. Конечно по три одлагања, денеска започна судењето против кардиохирургот кој во истомената клиника нудеше метод на хемофилтрација како лек од корона вирусот. Жан Митрев не чувствува апсолутно никаква вина за измама на пациенти. По серија одлaгања на стартот на судските рочишта против него, докторот конечно од обвинителна клупа порача дека кривичното дело за…















