Press "Enter" to skip to content

Аферата „Адитив“ што ја откри ИРЛ ѝ пресуди и на претседателката на Антикорупциска

Претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Татјана Димитровска, поднесе оставка од функцијата и ја депонира до Собранието. Изнуденото повлекување следува откако Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција пред една недела поднесе обвинение против неа во рамки на предметот „Адитив“ кое се однесува на две кривични дела – оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.  Известува: Маја Јовановска Димитровска е обвинета дека ја искористила позицијата и…

Претседателката на ДКСК шпион на криминалната група за случајот „Адитив“

Истрагата за набавката на скапиот адитив за РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј откри неочекуван детал – дел од криминалната мрежа била и актуелната претседателка на Државната комисија за спречување корупција Татјана Димитровска. Комуницирала со обвинетиот Небојша Стојановиќ. Го брифирала какви постапки против него се воделе во комисијата откако ИРЛ во јуни лани откри како ЕСМ купила адитив од фирма без искуство во хемискиот бизнис неколкупати поскапо од пазарната вредност. Известуваат:…

Емисари на Жан Митрев се обидуваат организирано да ги премислат сведоците

Роднини на починати ковид-пациенти во болницата „Жан Митрев“ кои треба да сведочат против докторот кој е обвинет за измама, добиваат телефонски повици од поддржувачите на доктор Жан Митрев. Во улога на посредници се вклучиле дури и лекари вработени во неговата болница. ИРЛ разговараше со десетина семејства кои рекоа дека од нив се бара во судот да го поддржат кардиохирургот, бидејќи бил добар човек и лекар, а дел од нив добиле…

Шофер од рудникот Злетово станал газда на озлогласени бизниси во Бугарија поврзани со организираниот криминал

Бугарското подземје е надалеку прославено, а овојпат е актуелно по еден навидум наивен бизнис – паркинзи. Необичните задолжителни паркинзи се наоѓаат на бугарските гранични копнени премини, а проблемите отидоа дотаму што Европскиот парламент и` се заканува на Бугарија со исклучување од Шенген зоната. Лукративните паркинзи ги раководи  бугарското подземје, а меѓу нив се и соработници на озлогласената крипто кралица Ружа Игнатова – најбараната жена на планетата за историски грандиозните измами…