Сите ја знаат приказната за рускиот бизнисмен кој случајно се вљубува во Македонија и решава тука да се пресели своите бизниси и своето семејство. Годината е симболична – 2006 година, или онаа кога во Македонија почнува декадата на Никола Груевски и неговите блиски соработници и роднини. Сергеј Самсоненко станува виден скопјанец кој често се гледаше во друштво на високи функционери и бизнисмени. Колку подолго седеше, толку повеќе се зголемуваа зделките…
Талир е стара сребрена монета, а прв пат е искована во 1517 година во денешна Чешка. Во промет била до 1907 година, но името талир иако во изменет облик се задржал во називот на монети во дел од скандинавските држави и во Италија. Во Македонија талирот стаса дури во 2017 година, но не како сребрена монета. Туку како симбол за незаконско богатење и финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Талир е име на…















