Press "Enter" to skip to content

Мицкоски најави изборна програма со нулта корупција и дигитална Македонија

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, партијата чиј поранешен лидер е во бегство, осуден за криминал и против кого се водат уште неколку случаи за финансиски криминал тешок милиони евра, вечерва најави изборна програма во која клучно ќе биде владеење на правото и борбата со криминалот и корупцијата.

„Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ за изборите ќе понудиме нешто што ќе биде надвор од секојдневието за овие наши балкански услови. Суштината ќе биде поделена на два дела: првиот дел ќе биде владеење на правото и бескомпромисна борба со криминалот и корупцијата, а вториот дел ќе биде делот што ние го насловивме „диги Македонија“ или дигитализирана Македонија, држава којашто ќе биде практично единствениот таков пример на Балканот“.

Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски“ на вечерашната средба со жители на Центар во рамките на „Разговорите за обнова на Македонија“. Тој кажа дека ВМРО-ДПМНЕ ќе понуди програма што ќе содржи во себе стратегија и визија како Македонија ќе изгледа од сега за 10 години, па уште за 10 години.