И министерот Манчевски го потврди покачувањето на платата за 5% на вработените во јавна администрација кои седат дома.
Дополнително, министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски при гостувањето во емисија на ТВ21, рече дека бројот на вакви вработени се намалувал.
„Тие се многу малку, трансферите се одвиваат, нормално ако се вработени во јавна администрација покачувањето важи за сите. Проблемот со овие луѓе е се помал, бројот секојдневно се намалува, после цела деценија откако никој не го решил овој проблем, конечно доаѓаме до целосно решени“, изјави Манчевски.
Неодамна во Собранието беше изгласано покачувањето на платите од 5 отсто на вработените во јавниот сектор.
Групата пратеници по скратена постапка го предложија законот за повисоки плати, зашто како што велат, процедурата во Собранието заглавила поради ребалансот, па јавната администрација ќе останела без ветеното зголемување.