Press "Enter" to skip to content

Макрадули: Оваа година има значително намалување на бројот на загадени денови

Заменикот министер за животна средина, Јани Макрадули на денешната прес-конференција во Владата ги презентираше резултатите од спроведените мерки за загадувањето и се пофали со намалување во степенот на загаденост на воздухот.

„Факт е дека оваа година има значително намалување на бројот на денови со надминати среднодневни концентрации на РМ10“, тврди Макрадули.

Заменик министерот додаде дека намалувањето на загадувањето е резултат на зголемената свест кај граѓаните, но голем придонес имаат и мерките од Планот за чист воздух.