Press "Enter" to skip to content

Мајк Помпео: Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот Твитер профил изрази задоволство за усвојување на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност

„Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја очекуваме наскоро Македонија како 30-та членка на НАТО,” изјави Помпео.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »