Градоначалникот на Охрид Константин Георгиески денеска најави дека во прашање се денови кога ќе почне уривањето на дивоизградените платформи и тераси во градот.
– Почетокот на акцијата за отстранување на бесправно изградените објекти се брои со денови. Апелирам до сите кои добиле решенија за остранување на објекти, независно дали се работи за платформи, тераси, бетонски бази и друг вид нелегално изградени објекти, не ден побрзо, туку час поскоро да почнат сами да ги острануваат. Уривање во Охрид ќе има многу скоро, рече Георгиески.