Press "Enter" to skip to content

Кочо Анѓушев: „Ќе организирам една канцеларија каде што ќе можете онлајн да се јавувате за проблемите“

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ги повика бизнисмените за да им ги презентира новите законски измени за финансиска поддршка на инвестициите, но наместо аплауз доби многу критики. 

Бизнисмените се пожалија на долгите бирократски процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека  и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати  за ист производ,  царински постапки кои траат по една недела.

Анѓушев, кој и самиот доаѓа од бизнис секторот, откако се изнаслуша критики веднаш најде начин како да им ги реши проблемите на стопанствениците.

„Ќе организирам една канцеларија каде што ќе можете онлајн да се јавувате за проблемите и ние да може да реагираме. Иначе видете, вие додека дојдете како што кажавте и сами кога сте дошле до мојот кабинет проблемот се решил, ама додека дојдете вие во мојот кабинет еве само тука седите сто, она што можам јас да ве убедам секој што дошол до мене и сум го ислушал сум реагирал“, рече Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања.