Press "Enter" to skip to content

Кирацовски: Ниту слика Со Христијан Мицковски ве прави косопственик на неговите хидрцентрали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности

Ниту слика со Христијан Мицковски ве прави косопственик на неговите хидрцентрали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности, напиша на „Твитер“ пратеникот и поранешен пратеник на СДСМ, Александар Кирацовски.

Кирацовски во петокот беше на распит во Обвинителството за организиран криминал и корупција каде што даваше исказ за случајот „Рекет“.

Пратеникот ги отфрли обвинувањата во медиумите дека посредувал при средбите на притворениот Бојан Јовановски со бизнисмени и градоначалниц и дека вршел пртисок врз нив. По изјавата на Кирацовски, дел од медиумите објавија фотографијата на која тој заедно со Бојан Јовановски седат во кафуле. На фотографијата може да се види дека Кирацовски свири гитара.

По ова, пратеникот на „Твитер“ напиша „Ниту слика Со Христијан Мицковски ве прави косопственик на неговите хидрцентрали, ниту слика со Боки соучесник во неговите активности“.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »