Press "Enter" to skip to content

Кежаровски: Денеска ме осудивте на доживотен затвор

Тоа што нема да му се суди за случајот „Ликвидација“, за новинарот Томислав Кежаровски е пораз а не триумф. Кежаровски е лут бидејќи нема да му се суди поради застарување на делото, а не затоа што е невин.

„Во 2013 година ме осудија на 4,5 години затвор, во 2015 година Апелација кажа „само“ две години. А денеска обвинителството „на Русковска“ ме осуди на казна доживотен затвор“, реагираше Кежаровски на својот Фејсбук профил, потенцирајќи дека нема да се откаже од својата борба да докаже дека не направил кривично дело.

Случајот „Ликвидација“ се однесува за предметот кој е поврзан со убиството на Лазар Милошевски од 2005 година во велешко Ореше, во кој вкупно осум лица беа осудени за различни кривични дела.

Новинарот Томислав Кежаровски доби четири и пол години затвор, бидејќи според пресудата, тој во 2008 година во два последователни броеви на ревијата „Репортер 92“ го оддал идентитетот на заштитениот сведок во овој судски предмет, што тој тврди дека воопшто не соодвестува со вистината.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »