Press "Enter" to skip to content

Касапи: Крајно време е да престанат навредите, сексизмот и мизогинијата, искажани и насочени кон жените во политиката

„Крајно време е да престанат навредите, сексизмот и мизогинијата, искажани и насочени кон жените во политиката, Ние како претставнички на сите жени ќе се бориме да го елиминираме говорот на омраза и лажните вести и дискредитации кон личноста на жената во политиката“, рече денеска претседателката на Клубот на пратенички во Собранието Ѓулумсер Касапи.

Клубот на пратеничките реагираше на сè почестиот говор на омраза и навредите искажани кон жените особено преку социјалните мрежи, а пренесени преку одредени партиски и медиумски претставници.

На прес-конференцијата присуствуваа пратенички од сите политички партии застапени во Собранието.

„Бараме професионално и етичко однесување од сите политички партии, медиуми и други фактори одговорни за содржините на социјалните мрежи, да се однесуваат согласно конвенциите за почитување на човековите права, со акцент на правата на жените и праќаме порака дека нема да толерираме навредливи и дискриминаторски изјави без разлика од каде доаѓаат тие“, рече Касапи.