Press "Enter" to skip to content

Имам што да кажам: Сите сме потенцијални жртви на трговија со луѓе, не биди игнорантнен кон криминалот

Младинскиот тим „Крик“ на Истражувачката репортерска лабораторија секоја недела ќе емитува интервјуа и анализи чија мисија е да ги прикажат големите проблеми од сферата на владеењето на правото и борбата со корупција преку потребите и проблемите кои ги мачат младите. Дел од нашата мисија е да им дадеме глас и видливост на идните лидери во јавниот живот и да го претставиме неискористениот потенцијал на храбрите, прогресивни млади кои останаа во Македонија преку рубриката „Имам што да кажам“.

Зошто Крсте

Крсте Анастас Глигоријадис е лидер на младинската иницијатива „Социјален инкубатор“, во која членуваат и Анамарија Спасевска и Харис Сејрани. Нивниот проект за приближување на крупните општествени иницијативи преку „јазикот“ кој го зборуваат младите, а со цел да поттикнат критично размислување и свест за теми како трговија со луѓе и трудова ескплоатација ја прави оваа иницијатива уникатна.

Преку уметност  до комуникација за теми за кои луѓето не сакаат да зборувааат

Нивниот последен проект дефинитивно предизвикува интерес. За трговијата со луѓе, како тема која е тешко да се искомуницира со широката јавност, се чини дека тие пронаоѓаат решенија. Младите сакаат да читаат за мода. Што ако ова го употребите за да испратите важна порака на пример? Социјален инкубатор го  прави токму тоа. Во младинското интервју „Крик“ Крсте Глигоријадас ни раскажува како нивниот проект може да допринесе кон промените на подобро.

Фо
Мултимедијалната изложба на Социјален инкубатор во Јавна соба. Фото: Доан Акити

Целта на нашиот проект е низ најразлични канали да го преставиме она за што луѓето не сакаат да зборуваат, со тоа што фокусот сакаме да им го преземеме преку креативните делови од нашиот проект. Имавме еден вид инсталација која беше во форма на кутија и пишуваше потенцијална жртва на трговија, секој што ќе погледнеш надоле ќе го видеше својот израз во огледалото“, вели тој и додава дека целта е граѓаните да се солидаризираат за ваките  теми. Тоа го прават преку уметноста која ја носи главната порака, а тоа е дека „жртвата не го бира трговецот, туку трговецот ја бира жртвата“.

Целото видео интервју погледнете гo овде.