Press "Enter" to skip to content

Фрчкоски: Корумпираните судии нема да бидат опфатени со ветингот како што го замислила власта

„Ветингот како што го има замислено власта, нема да даде резултати и ќе биде големо разочарување. Смената на 20 корумпирани судии ќе донесе резултат“, рече вечерва во гостување на Телевизија 24 професорот Љубомир Фрчкоски.

Тој вели дека ветингот како што е замислен, со фокус на имотот ќе биде големо разочаување. Според него, прва точка од ветингот треба да биде нестучното работење и службата на партиската власт.

„Оние судии кои се јасно компромитирани нема да бидат опфатени со ветингот кој што го замислила власта“, рече Фрчкоски.