Press "Enter" to skip to content

ФИФА до Иран: Време е да ги пуштите и жените на фудбалските стадиони

19.09.2019

Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино преку соопштение упатено до иранските власти побара во иднина на жените да им биде дозволен влез на фудбалските стадиони.

Во Иран, жените не смеат да бидат на стадион кога играат мажи, па првиот човек на светскиот фудбал смета дека е дојден момент за промени.

„Нашата позиција е цврста и решителна. На жените мора да им биде дозволен влез на фудбалските стадиони во Иран. Сега е времето за промени и ФИФА очекува позитивни вести веќе на следниот натпревар на Иран на домашен терен во октомври“, вели Инфтантино во своето соопштение.

Најскандалозен инцидент кога се работи за правата на жените во Иран, е кога една жена се запали во судница пред да и биде изречена затворска казна само затоа што сакала да гледа фудбалски натпревар на стадион.