Обвинителката на СЈО, Фатме Фетаи пред денешното рочиште за случајот „Монструм“, за медиумите изјави дека не може евентуалната одговорност на еден обвинител за ја зацрни целата работа на Специјалното јавно обвинителство и со тоа да се заборави на криминалот.
„Евентуалната индивидуална кривична одговорност на еден од обвинителите во СЈО не смее да биде изговор и оправдување за да се заборави целокупниот криминал кој се направи изминативе години и ние да ја запреме нашата борба. Тимот на СЈО е во целост посветен на борбата за правда и ние продолжуваме со она што е наша работа- застапување на предмети во судница“, изјави денеска обвинителката Фатиме Фетаи.
Таа рече дека ова што се случува моментално може да биде показател дека никој не е недопирлив и дека секој што се огрешил пред законот мора да одговара.