Press "Enter" to skip to content

Движење „Анти коцкање“: Чии интереси се штитат со тоа што се дозволува казина да се отвараат во населени места

Движењето „Анти коцкање“ денеска на плоштадот во Тетово постави импровизирни лавиринти налик на коцкарници со кои изразија револт кон законодавците кои се уште не ги донеле измените на Законот за игри на среќа со кои казината и спортските обложувалници треба да се преместат надвор од населените места.

Според Движењето, поставениот лавиринт претставува симулација на казино и во тој лавиринт оние што ќе влезат се соочуваат со многу опасности.

Од движењето велат дека досега власта не покажала разбирање за овој проблем.

„Учествувавме на две дебати во Комисијата за финансирање и буџет и толку. Беше договорено да има уште една дебата, но до денес нема никаков резултат ниту пак некаков одговор. Поради ова, ние со право се сомневаме што се случува, дали се брани некој индивидуален или колективен интерес, а не се брани народот“, велат од „Анти коцкање“.

Од Движењето најавуваат дека вакви перформанси против коцкањето во наредниот период да одржат во Струмица, Гостивар, Охрид, Прилеп и Скопје.