Press "Enter" to skip to content

Дескоска: Гласот на судството се слуша само кога се работи за пари

Според министерката, Рената Десковска гласот на судството се слуша само кога станува збор за распределбата на парите и вели, луѓето од судската власта имаат најмалку кредибилитет да зборуваат кога довербата во нив е на најниско ниво.

Нејзината реакција следи по протестот на судската администрација за додатоците на плата.

Навистина е непријатно, рече министерката, кога во рамки на судството се јавуваат конфликти, внатре меѓу различни групи за начинот на поделба на средства за кои самите одлучуваат што всушност значи гласност и конфликт за пари.

„Жално е што не слушнавме став од сферата на судството по однос на прашањата заради кои тие се со најниска доверба кај граѓаните. Очекувавме реакција и од судиите и од претседателите на судовите и од администрацијата таму за случаите за застарување на гонење во одредени постапки и каде криминалот остнаува неказнет. Очекувавме реакција и од судиите и од судската администрација за одредени сомневања за криминални активности на поединци во нивните редови за кои не видовме кривично гонење. Слушавме за примери во кои судски доставувачи возат подобри автомобили од некои судови, слушаме за бизнис зделки меѓу судии обвинители и адвокати и за тоа очекуваме реакција и од обвинителството и од судскиот совет. Но, за жал гласот од редовите на судството го слушаме само кога станува збор за распределбата на пари“, изјави денеска Дескоска.

Таа ја повика Антикорупциската комисија да направи проверка на имотот на судиите односно да направи спореда на анкетните листови кои ги пријавиле и на реалната состојба. Тоа смета дека би било „благ ветинг“ за кој тие имаат основ да го направат бидеќи законски имаат таква можност во која постапка се вклучува и Судскиот совет. Дескоска изјави и дека ќе почнат разговори со Европската комисија, која претходно не дозволи, да ги преиспита ставовите и да дозволи целосен ветинг.
Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »