Press "Enter" to skip to content

Дескоска: Јас немам ниту обврска, ниту право да знам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин

„Јас немам ниту обврска, ниту право да прашувам и истражувам како се финансира телевизијата пред да прифатам да бидам нивен гостин“, рече денеска министерката за правда Рената Дескоска во интервју на емисијата 360 степени на телевизијата „Алсат“.

Дескоска одговараше на прашањето на новинарот Васко Попетревски кој ја праша министерката дали се чувствува непријатно поради своите лични контакти со првоосмничениот во случајот „Рекет“ – Бојан Јовановски.

На ова прашање, Дескоска рече дека немала лични контакти со Јовановски, туку само била гостин на два настани кои ги организирала „1тв“, а таа како министер за правда немала ниту право, ниту пак обврска да праша како се финансира некоја телевизија. 

„Тоа не е прашање на гостинот кој е поканет, ниту ако е гостин во емисија, ниту пак ако е поканет на некој настан организиран од телевизијата,“ вели Дескоска.