Press "Enter" to skip to content

Дарко Димовски: Тешко е да преговараш со газди кои мислат дека работниците се робови

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Дарко Димовски денеска на прес-конференцијата која се одржа по презентирање на новиот проектот на „Гласен Текстилец“,  изјави дека е многу тешко да се вратат изубените работнички права.

„Многу е тешко да преговараш со газди кои мислат дека се над вработените и дека ние работниците сме робови за нив. Затоа апелирам до цел невладин сектор да ни се приклучат и да ги вратиме правата кои беа изгубени изминативе години“, изјави Димовски.