Шура, девер, братаница, баџанак, шурнајка, свеска. Долг е списокот на стеблото на македонските семејства, но моравме да го научиме за да утврдиме до кое колено се „изврзани“ роднините кои се чинат најподобни за работа во државната администрација. ИРЛ ги истражуваше законските дупки и итроштините на функционерите кои ќе сторат се нивните пулени да ги добијат позициите. Колку што е повисоко на семејното стебло, роднина од прво колено, толку и работното…
Се извинува „до небо“, но оставка не поднесува, вака Драги Рашковски денеска на долга прес конференција се бранеше откако во јавноста протече аудио снимка за која што се тврди дека докажува како Драги Рашковски е вклучен во нелегегални активностии врзани за тендер на италијанската фирма „Леонардо“ за опрема за модернизација на М-НАВ. Најави тужби за новинари и опозицијата, а на прес конференцијата жестоко се бранеше и расправаше со присутните новинари.…
Премиерот Зоран Заев на денешната седница на Собранието го повлече предлогот тој самиот да биде и министер за финансии и рече дека со овој ресор ќе раководи додека не биде избран нов министер. „Сакам да се заблагодарам на сите министри кои дадоа оставка и им посакувам успех на личен и професионален план. Функцијата претсетадел на Влада и министер е неспоива, но Уставот дозволува премиерот да биде и министер. Јас ќе…
Кабинетот на министерот без ресор задолжен за транспарентност, отчетност и комуникации, Роберт Поповски, испрати реакција до Истражувачката репортерска лабораторија во којашто ги обвини репортерите на ИРЛ дека излажале во текстот којшто беше објавен денеска попладне. Иако не го употреби зборот „лага“ тој во дописот испратен до сите редакции обвини дека известувањето на ИРЛ било неточно. Во сторијата ИРЛ го пренесе сведоштвото на својот новинар Давид Илиески во којшто тој пренесе…

















