Финансиската полиција поднесе три кривични пријави до Скопското обвинителство и Обвинителството за организиран криминал, од кои првата е против директорот на МРТВ Марјан Цветковски за злоупотреба на службената должност и овластувања. Во текот на 2015 година, Цветковски подигнал кредит од банка во износ од 140 милиони денари (2,2 милиони евра), а како договор за залог го заложил целокупниот недвижен и движен имот кој е во сопственост на ЈП МРТВ, во…
По речиси четири години од сообраќајната несреќа, денеска во Кривичниот суд во Скопје е изречена пресуда за возачот кој го усмрти 13 годишниот Давид Анѓеловски. Судијката Софија Лаличиќ ја прогласи за виновна Маја Лукаревска и ја осуди на затворска казна од 3 години затвор. Сообраќајната несреќа се случи на булеварот „Илинденска“ кај фонтата во Градскиот парк на 18 септември 2015 година. Тоа попладне семафорите на булеварот не работеле, а Давид…
Поранешниот градоначалник на Велес, Славчо Чадиев, и бившиот претседател на Советот, Александар Колев, се обвинети за злоупотреба на службената положба и овластување додека раководеле со општината. Обвинителството до Судот во Велес поднесе обвинение против двајцата за незаконско користење на службени возила за приватни цели. Првообвинет е екс градоначалникот Чадиев кој му дозволил на Колев спротивно на Правилникот за користење на службените возила и со усно одобрение во период од февруари…
Владата бара советник за интегритет кој ќе ги советува министрите и другите владини функционери за спроведување на препораките од извештајот на ГРЕКО. На вчерашната седница Владата ја разгледала и усвоила информацијата за Извештајот на ГРЕКО за евалуација на Република Северна Македонија – Петти круг, на тема: „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“. „На седницата Владата го задолжи…




