Секоја лидерска средба во Македонија од независноста па до денес се најавува како историска. Лидерите на неколку политички партии зад затворени врати одлучуваат за судбината на сите граѓани. Понекогаш со помош на меѓународните претставници, понекогаш сами или засилени со нивни сопартијци. На крај одлуката се сведува на волјата за компромис, а токму пред таква одлука вечерва се лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски. Новина е…
По повод Денот на независноста, Истражувачката Репортерска Лабораторија контактираше повеќе лица од крупниот бизнис за кои што низ годините се пишувало и зборувало за нивни клиенталистички врски со партиите на власт кои во одредена доба им овозможиле преку промени во законите или премижување на процедурите да се стекнат со државна сопственост или да добијат некаква државно спонзорирана зделка. Сакавме да ги чуеме нивните погледи и да видиме што мислат за…
Вчера и денес се потсетуваме на независна Македонија, а веќе утре се враќаме во политичката реалност. Последните вести се дека претседателот на владејачката СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на опозициската ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски ќе се договараат за судбината на СЈО, или ако сакате, за Законот за јавно обвинителство. Исто така се договараа и за Законот за финансирање политички партии и за други важни работи. Клубот на пратеници е местото…
Специјалната јавна обвинителка Ленче Ристоска на денешната прослава во Градскиот парк по повод Денот на независноста не сакаше да коментира за случувањата поврзани со СЈО и порача дека тие ќе бидат адресирани во друга прилика. „Сите работи поврзани со СЈО и со тековните случувања ќе ги адресираме во друга прилика. Денес го славиме Денот на независноста, да се фокусираме на денешниот празник“, изјави Ристоска. Обвинителките на СЈО, Ленче Ристоска и…

















