„Крајно време е да престанат навредите, сексизмот и мизогинијата, искажани и насочени кон жените во политиката, Ние како претставнички на сите жени ќе се бориме да го елиминираме говорот на омраза и лажните вести и дискредитации кон личноста на жената во политиката“, рече денеска претседателката на Клубот на пратенички во Собранието Ѓулумсер Касапи. Клубот на пратеничките реагираше на сè почестиот говор на омраза и навредите искажани кон жените особено преку…
“Нашиот предлог е дека СЈО треба да се зачува, а обвинителството да го води обвинител од странство, од некоја од земјите на Европската унија или САД, Зијадин Села од Алијансата на Албанците денеска го повтори својот став во врска со Законот за СЈО. Зијадин Села денеска изјави и дека е револтиран поради односот на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ бидејќи ја игнорираат опозицијата во албанскиот блок. Според Села, ова се…
Нема закон кој ги обврзува Владата и локалната самоуправа при процесот на членови во раководните структури во државните претпријатија, укажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации. Ова практично значи дека власта може без конкурс и (ако сака) нетранспарентно да избира свои блиски луѓе во државните претпријатија, освен директорот, за најразличен интерес. Ова се однесува на сите влади досега. Владата и локалната самоуправа како основачи на претпријатијата, не објавуваат огласи…
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, денеска во Стопанската комора на Македонија ги повика бизнисмените за да им ги презентира новите законски измени за финансиска поддршка на инвестициите, но наместо аплауз доби многу критики. Бизнисмените се пожалија на долгите бирократски процедури, каде за увоз на суровини за производство се чека и по 4,5 месеци, неусогласеност на државните институции барат различни сертификати за ист производ, царински постапки кои траат по една…

















