Press "Enter" to skip to content

Урбани атентатори: Како еден посредник, еден градоначалник и неколку бизнисмени го променија Тафталиџе

Од 2007 до 2015 година во македонското Собрание се направија 104 измени на клучните закони за градење. Преку државно спонзорираните проекти во градежниот сектор за само една деценија, градот радикално се трансформираше. Секој нов урбанистички план овозможуваше неконтролирано градење од една мала моќна група со пари и пријатели во политиката. Промените не беа во функција на подобрување на животот на граѓаните. Политичарите кои одлучуваат на ова секогаш имаат еден одговор:…

(ВИДЕО) Сведоштво на турскиот прогонуван новинар Ерол Ондероглу: Да се биде новинар под власт на Ердоган

Ерол Ондероглу е турски новинар, претставник на Репортери без граници. Во 2016 година, Ондероглу е уапсен од владата на Реџеп Таип Ердоган под изговор дека поддржува курдски весник обвинет за ширење на тероризам. За време на неуспешниот обид за пуч во Турција во 2016 година, започнува бран од апсења на неистомислениците и засилена офанзива на турската влада врз критичките медиуми. По апсењето на Ондероглу, официјални претставници на ЕУ го обвинија…

Имам што да кажам: За 100 години во Македонија нема да има живот

Петоци за иднината е движење кое започна во август 2018 година. Петнаесетгодишната Грета Тунберг секој ден протестираше пред шведскиот парламент за да ја започне борбата против климатските промени. Нејзините врсници ширум светот набргу и се придружија во борбата и движењето зазема светски размери. На 20 септември оваа година, милиони луѓе загрижени за својата и за иднината на своите деца, излегоа на улиците барајќи акција од надлежните за справување со климатската…

Апелацискиот суд ги потврди пресудите за „Диво Насеље“

Апелацискиот суд во Скопје денеска ги одби жалбите на обвинетите и ја потврди првостепената пресуда за случајот „Диво Насеље“ во Куманово. Кривичниот суд во Скопје во ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље. Тринаесет обвинети ги осуди на затворска казна во траење од 40 години, шестмина добија 20 години, а еден обвинет е осуден на 18 години затвор. Двајца добија затвор од 14 години,…