Press "Enter" to skip to content

Имам што да кажам: За 100 години во Македонија нема да има живот

Петоци за иднината е движење кое започна во август 2018 година. Петнаесетгодишната Грета Тунберг секој ден протестираше пред шведскиот парламент за да ја започне борбата против климатските промени. Нејзините врсници ширум светот набргу и се придружија во борбата и движењето зазема светски размери. На 20 септември оваа година, милиони луѓе загрижени за својата и за иднината на своите деца, излегоа на улиците барајќи акција од надлежните за справување со климатската криза.

Зошто Јана Василевска?

Јана е една од активистите кои мотивирани од упорноста на Грета, го поддржија нејзиното движење во Македонија. Петоци за иднината, како што вели Јана, од недела во недела добива се повеќе поддржувачи. Тие бараат од надлежните да се справат со климатските промени и им нудат потенцијални решенија, односно барања кои тие имаат моќ да ги исполнат.

Василевска вели дека веќе не станува збор за тоа дали климатските промени се реални или не, туку дали ќе одлучиме да се справиме со нив и да си обезебедиме иднина. Таа додава дека со текот на годините температурните разлики ќе стануваат се поголеми и понеподносливи.

„За 100 години од сега се очекува дека Македонија ќе биде целосно уништена и тука нема да има можност за живеење”, додава Василевска.

Погледнете го целосното интервју на следниот линк и придружете им се на „Петоци за иднината”.

Повеќе од Насловна десноПовеќе теми во Насловна десно »