Press "Enter" to skip to content

(ВИДЕО) 28 години транзициска Македонија: Зборуваме со Благој Механџиски

По повод Денот на независноста, Истражувачката Репортерска Лабораторија контактираше повеќе лица од крупниот бизнис за кои што низ годините се пишувало и зборувало за нивни клиенталистички врски со партиите на власт кои во одредена доба им овозможиле преку промени во законите или премижување на процедурите да се стекнат со државна сопственост или да добијат некаква државно спонзорирана зделка. Сакавме да ги чуеме нивните погледи и да видиме што мислат за…

Имам што да кажам: И оние кои заработуваат од аерозагадувањето го дишат загадениот воздух

Проблемот со аерозагадувањето е актуелен само во зимските денови, кога ситуацијата е екстремно алармантна. Но тој проблем постои и опстојува во текот на целата година, само за да ја доживее својата кулминација за време на поладните денови. Младинскиот тим на ИРЛ одлучи да поразговара на оваа тема со неуморниот борецот за чист воздух, Горјан Јовановски, околу причинителите, но и одговорноста на институциите како соучесници во овој злостор во кој жртвата…

(ВИДЕО) Локален шериф: Рамис Мерко

Доктор Рамис Мерко на последните локални избори во 2017 година по трет пат ја доби довербата од стружани. Првиот мандат го освои во 2003 година кога за прв пат влегува во политиката. Дотогаш имал фамилијарен бизнис и бил директор на земјоделска аптека. Граѓаните го гласаат, а поддршка и логистика добива од неговата партија ДУИ. За себе вели дека е одличен менаџер на општината и оти сите одлуки ги носи заедно…

(ВИДЕО) Локален шериф: Нефи Усеини

 Сите знаеме кој е Нефи Усеини, но дали знаеме што е Нефи Усеини Автор: Сашка Цветковска; Камера: Трајче Антоновски и Давид Илиески; Монтажа: Давид Илиески Нефи Усеини не е обичен човек. Тој може да прави кривични дела без да ги издржи затворските казни. Може да учествува во борби со кучиња и видеата од нив да ги објавува на социјалните мрежи без да се плаши дека ќе го побара полиција. Во…