Лидерите на политичките партии кои вечерва беа на средба кај претседателот Стево Пендаровски стојат зад идејата државата што поскоро да ги почне пристапните преговори со Европската унија. Пендаровски по завршувањето на првиот дел од состанокот пред медиумите изјави дека сите присутни политички партии се согласни дека државата треба што поскоро да ги почне и да ги зварши пристапните преговори со Европската унија. „Имаме јасен државен консензус од релевантните политички лидери…
Движењето „Анти коцкање“ денеска на плоштадот во Тетово постави импровизирни лавиринти налик на коцкарници со кои изразија револт кон законодавците кои се уште не ги донеле измените на Законот за игри на среќа со кои казината и спортските обложувалници треба да се преместат надвор од населените места. Според Движењето, поставениот лавиринт претставува симулација на казино и во тој лавиринт оние што ќе влезат се соочуваат со многу опасности. Од движењето…
Францускиот претседател Емануел Макрон на денешната прес-конференција по европскиот самит во Брисел, ја образложи одлуката да постави блокада на процесот за почнување преговори со Македонија и Албанија. Тој смета дека не доволно се инвестира во земјите соседи на ЕУ и дека отпочнување на преговори не значи ништо за државите и нивните народи, бидејќи тие преговори може да траат и по 5 или 10 години и повторно да предизвикаат фрустрација кај…
Пред почетокот на Самитот на ЕУ, по кој ќе се знае дали Македонија и Албанија ќе добијат датум за старт на преговорите, бугарскиот премиер Борко Борисов даде поддршка за земјава да добие датум за отпочнување преговори за полноправно членство во ЕУ. Според него, двете земји заслужуваат да добијат зелено светло од членките на Европската Унија, а не да ги користат внатрешните проблеми како изговор. „Не гледам кој е ризикот од…

















