Во очекување на одлуката од самитот на ЕУ за почеток на пристапните преговори на Северна Македонија, премиерот Зоран Заев денеска со два драматични говори од Брисел и Виена. Заев денеска учествуваше во дебатата на тема „Северна Македонија: Европски перспективи и зајакнување на домашните реформи за социјална еднаквост“, што се одржа во организација на Институтот Карл Ренер и Фондацијата Фридрих Еберт во Виена. Тој истакна дека не се спротивставува на натамошните…
По оставката на заменик-министерот за здравство, Асим Муса, кој во емисијата “Фикс Фаре“ во Албанија беше снимен како зема мито од 50 евра за операција и бара уште 1.000 евра, од ДУИ неговиот потег не само што го поздравија, туку и се пофалија дека „не се како другите“. Пратеникот Артан Груби изјави дека во неговата партија одговорност има и за пет евра, а камоли за Луј Витон чанта. “Во ДУИ…
Министерството за финансии најави засилени контроли за електронската трговија и онлајн купувањата. Министерката Нина Ангеловска, рече дека ќе има зголемени контроли за поединци и компании кои не се регистрирани во системот, а кои продаваат одредени производи на интернет. Освен ова, Ангеловска додава дека ќе се изработи и конкретен акциски план и платформа каде ќе можат да се пријават нерегистрираните продавачи. Апелира, граѓаните да бидат внимателни што и од каде купуваат…
Активистот од граѓанската иницијатива „Доста е“ Глигорије Ќатоски вели дека на струшката ривиера има дивоградби кои влијаат врз живиот свет во Езорото и кои директно придонесуваат да бидеме ставени на список на загрозени места на УНЕСКО. „Секако дека во Струга има дивоградби. Со задоволство би ги прошетал градежните инспектори и градоначалникот да им ги покажам тие дивоградби на самото крајбрежје. Постојат дивоградби што се изградени на крајбрежјето и директно придонесуваат…

















