Сегашната основна плата на докторите специјлисти е 44 517 денари, а барањето на Самостојниот синтикат на лекари на клинички центар е до крајот на годинава да се искачи на 100.000 денари и двојно покачување на останатите здравствени работници. Со најавата за превремени избори се скратува рокот за реазлизирањето на ветувањето на премиерот и министерот за здравство. Од Самостојниот синдикат на Клинички центар бараат ова ветување да се реализира пред формирањето…
Државниот секретар на САД, Мајк Помпео на својот Твитер профил изрази задоволство за усвојување на пристапниот Протокол за влез на Северна Македонија во НАТО ја истакнува американската заложба кон трансатлантската безбедност „Силно ја поддржуваме определбата на Северна Македонија кон поблиска интеграција со трансатлантската заедница. Вчерашното гласање ја реафирмира постојаната определба на Северна Македонија кон демократските принципи и владеењето на правото и нејзиниот придонес кон мирот и безбедноста во регионот. Ја…
“Хаварија во голем обем при отстранувањето на линданот не се очекува, освен ако не се почитуваат стандардите. Сепак, не е исклучено значително зголемување на загадување на воздухот, додека се одвива процесот на транспорт во камионите кои што ќе го однесат во некоја од високо развиените европски земји, каде што има печки за согорување, кои се апсолутно безбедни во однос на согорувањето”, вели професор Трајче Стафилов кој што ги правеше истражувањата…
Неуспехот на самитот во Брисел државата да добие датум за старт на преговорите со Европската унија неодамна резултираше со договор помеѓу партиските лидери за нови петти во низа предвремени парламентарни избори. Заев на прес-конференција во саботата не го криеше своето разочарување од европските лидери кои не се согласија Македонија да ги започне пристапните преговори, по што најави избори пред кои на 3.јануари 2020 година ќе поднесе оставка од премиерската позиција.…

















