Македонските институции половично ги користат парите од европските фондови покажуваат извештаите од ЕУ. Причините за неискористеноста на европските фондови, граѓанскиот сектор ги гледа во ненавремено програмирање и слабите административни капацитети. Најслаба искористеност покажуваат секторите транспорт и животна средина, каде што и најмногу пари и се потребни на државата. Трактори, машини за обработка на производи во стопанството, обнова на домови и нивно претворање во хотели и хостели за развој на туризам…
Скопје изминативе неколку денови повторно се најде на листата на најзагадени градови во светот, иако грејната сезона се уште не е целосно започната. Мал број од мерките против аерозагадувањето се остварени, а надлежните постојано си ја префрлуваат одговорноста. Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов тврди дека граѓаните притисок треба да вршат и на останатите градоначалници. „Ваквиот притисок на јавноста ќе треба да се постави и кај останатите градоначалници од Скопската…
По неколку неуспешни обиди за промена на Законот за игри на среќа, во тек е нова иницијатива поднесена од пратеничкара група на ДУИ. Тие бараат обложувалниците да бидат дислоцирани на најмалку 500 метри од факултетите и училиштата. Пратеникот од редовите на ДУИ, Ејуп Алими во изјава за телевизија Сител вели дека обложувалниците едиствено служат за да се крадат граѓаните за поголем профит на олигарсите и затоа потребно е да бидат…
Северна Македонија е најдобро рангирана во регионот и пред многу земји од Европската унија и затоа не може да се зборува за пад, изјави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска, одговорајќи на новинарско прашање за позиционирањето на земјава на 17-то место во најновиот извештај „Дуинг бизнис“, што е седум места подолу од претходната година. – Не станува збор за пад. Зависи како се гледа и толкува. Добро е кога се…

















